среда, 15 ноември 2006

Во Солун се промовираше македонскиот Абецедар

13.11.2006
Павлос Воскопулос

Стотина метри од плоштадот во Солун, каде што пред 14 години Грците протестираа против македонското уставно име, денеска промоција на абецедарот на македонскиот јазик, чиешто прво издание грчката Влада го отпечати пред 81 година.
Во салата на работничкиот дом во Солун вечерва голем број на грчки интелектуалци, новинари и луѓе од јавниот живот, даваат поддршка за букварот и претседателот на европското биро за помалку употребувани јазици.
Инаку, промоцијата ја организираат грчкото биро и партијата „Виножито“.
„Ако срцето на грчкиот национализам чука последните години во Солун, вие добро знаете за големите антимакедонски демонстрации во минатите години, сепак мозокот е во Атина, центарот е таму и ние мораме баш таму, каде пред 80 години се отпечати буквар на македонски, да го започнеме овој процес на јазична еманципација на Ммакедонците во Грција“, изјави Павлос Воскопулос, „Виножито“.
Попладнево на неколку позиции во центарот на Солун имаше специјални единици на грчката полиција, која промоцијата на абецедарот ја оцени за настан со висок безбедносен ризик.
Според нашите информации, членови на ултранационалистичката партија „Златна зора“ протестираат против промоцијата на букварот на македонски. Сепак, во Солун се против македонската идеја и збор.
Стотина членови на грчката левица собрани пред работничкиот дом во Солун, велат дека сите имаат право да го зборуваат мајчиниот јазик. Тоа се нивните аргументи на прашањето зошто дошле да дадат поддршка на промоцијата на букварот.
Инаку, судирот меѓу двете групи го спречува полицијата, а на изненадување на организаторите на промоцијата се присутни и голем број од грчките медиуми, кои што досега обично ги бојкотираат активностите на Македонците во Грција.

[-]