среда, 15 ноември 2006

Грчките националисти не ја спречија промоцијата на македонскиот буквар

Букварот на македонски јазик во Грција, по минатонеделната промоција во Атина, завчера беше промовиран и во Солун. Исто како и во Атина, промоцијата се одржа под силно полициско обезбедување. За разлика од Атина, солунската полиција не им дозволи на ултранационалистите ни да се доближат до зградата во која се одржуваше промоцијата.

Павле Васкопулос од Партијата на Македонците во Грција „Виножито“ изјави дека по Атина, која, како што рече, е мозокот на национализмот, букварот „Абецедар“ сега се промовира и во срцето на грчкиот национализам Солун.

На промоцијата присуствува стотина писатели, новинари и претставници на граѓански организации што го поддржуваат воведувањето на македонскиот јазик во образовниот систем во Грција.

[-]